Црна хроника
Во Србија пронајдено телото на исчезнатото девојче од Суботица
Телото на неодамна грабнатото 15-годишно девојче Тијана Јуриќ од Суботица е пронајдено во средата доцна навечер во околината на Сомбор, шеесетина километри од местото на исчезнувањето, пренесоа во четвртокот рано утрото Танјуг и Радио Телевизија Србија.
Грабнувачот е лоциран и уапсен во рамките на опсежната полициска акција, и се наоѓа во притвор. Како што прецизира министерството за внатрешни работи на Србија, осомничениот го грабнал девојчето во месото Бајмок и, како што се претпоставува, непосредно по тоа ја убил.Неофицијално, во средата навечер околу 22 часот бил уапсен месар од местото Сурчин, кој ја одвел полицијата до местото на злосторството. Тој бил уапсен на територијата на Белград. На местото на настанот итно отпатува министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и директорот на српската полиција Милорад Вељовиќ.Тијана Јуриќ последен пат беше видена на 26-ти јули, малку по полноќ недалеку од Спортскиот центар „Рата“ во Бајмок, покрај Суботица, каде што била на забава со пријателите, за време на посетата на нејзините баба и дедо.На неасфалтираниот дел од патот се пронајдени предмети коишто, според изјавата на мајката, припаѓаат на исчезнатото девојче, а веднаш по исчезнувањето на Тијана во потрага, покрај српската, се вклучија и унгарската полиција, Европол, Интерпол и меѓународниот интернет ресурс посветен на исчезнатите деца во Европа./крај/мф/сн
Извор: Танјуг
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.