Црна хроника
Загина четиригодишно дете во струмичко
Дете загина во сообраќајна несреќа што се случи во петок наутор околу 11 часот на излезот од струмичкото Дабиље.
Автомобил марка „опел астра“ кој се движел во правец од Петралинци кон Дабиље излетал од патот. Возилото го управувал жител на селото Босилово, а во автомобилот бил заедно со неговиот четиригодишен син.Сообраќајката се случила кога автомобилот наишол на запрежна кола и во обид да ја намали брзината за да не се судри, возачот загубил контрола над автомобилот и излетал во нивите.Таткото и детето биле пренесени во струмичката болница каде е констатирана смрт на детето, а таткото поминал со телесни повреди. Се врши увид на местото на несреќата и се утврдуваат причините за сообраќајката./крај/мф
Извор: Телма
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.