Абутовиќ во Вардар до 2020 година

Абутовиќ во Вардар до 2020 година

Српскиот репрезентативец Илија Абутовиќ и во наредните три сезони ќе го носи дресот на ракометниот клуб Вардар. Специјалистот за игра во одбраната ќе остане во Скопје до јуни 2020 година.

Илија Абутовиќ во 2011 година пристигна во Вардар. Неговото место во тимот е на левата бековска позиција, но тој во Вардар, во текот на изминатите се профилира во еден од најдобрите дефанзивци во европскиот и светскиот ракомет.

Абутовиќ во досегашната кариера во дресот на „црвено црните“ има освоено по три титули во СЕХА лигата и во домашното првенство, четири во Купот на Македонија, а по трите едноподруго настапи во четвртфиналето, сезонава со тимот ќе настапи на завршниот турнир во Лигата на шампионите. крај/мф/нц