Аврамопулос: Смрт за шенгенот, значи смрт за Европа

Аврамопулос: Смрт за шенгенот, значи смрт за Европа

Комесарот за внатрешни работи и миграција на Европската комисија, Дмитрис Аврамопулос, предупреди денеска на важноста за зачувување на слободата на движење внатре во шенгенскиот простор и истакна дека смртта за шенгенот би значело и смрт за Европа.

„Шенгенот е жив и мора да остане жив бидејќи ако тој умре, ќе умре и Европа“, изјави Аврамопулос во Луксембург каде што учествуваат на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите членки.

Повеќе европски земји на чело со Франција и Германија се залагаат за измена на шенгенските прописи, кои ги сметаат за застарени со оглед на постојаните терористички закани. Тие не бараат целосно спречување на слободата на движење, туку дека може лесно повторно да воведат контроли на своите граници и на подолг рок, а не како што се одобрува по сегашните правила.