Австралиските цариници уништиле ретка колекција растенија

Австралиските цариници уништиле ретка колекција растенија

Австралиските цариници задолжени за биосигурноста ненамерно уништиле вредни примероци од ретки растенија од Франција, потврдија во понеделник властите, а Министерството за земјоделство призна дека до грешката дошло поради спроведување на стриктните одреди на карантинот.

Цариниците запалиле хербариум, колекција од зачувани растителни примероци на ретки цвеќиња од средината на 19 век, која требаше да послужи за научно истражување, а до „незгодата“ дошло кога цариниците ја запреле пратката поради непрецизни документи.

Бидејќи на пратката не било наведено за што станува збор, цариниците по извесно време ја запалиле поради потенцијална опасност за биосигурноста.

Растенијата на заем на австралиските експерти во Бризбејн во март им ги отстапи парискиот Природонаучен музеј и новозеландскиот институт Ленкер рисрч Алан хербариум.

Мишел Вајкот, професорка по систематизација на растенија на универзитетот во Аделаида, рече дека станува збор за „незаменлива колекција од голема историска и научна вредност“. /крај/хн/ст