Контакт

Daily news

Агенцијата за филм демантира, но тврдењата на „Макфакс“ се потврдуваат

Објавено пред

Во врска со написот објавен во „Макфакс“ со наслов „Филмски скандал со политички импликации: Каде завршија 4,6 милиони евра?, Агенцијата за филм испрати демант до редакцијата во која наведува дел од правните процедури за добивање на средства од оваа институција, а исказите што ги изнесуваме во написот, со оваа административна фактографија не се порекнуваат.

dobivaj vesti na viber

Серијата со наслов „Македонија“ е одобрена и зад нејзината реализација стои „Јадран филм“. Како што се наведува во демантот, за подготовките за првата сезона од вкупно 4 сезони се одобрени, 85.000.000 денари и исплатени се 80 отсто од средствата. Серијата е во режија на Зоран Петровски, Стојан Вујичиќ и Кристијан Милич. Што се однесува до утврдување на документацијата, тоа секако ќе го прават институциите овластени за овој надзор. Совесно тврдиме дека, и покрај нашите најпрофесионални обиди да дознаеме нешто официјално за ова, до овој момент не ни беше овозможено. Нашата новинарска приказна и истражувањето со ова не е побиено, но уште повеќе ни ги отвора вратите за натамошно истражување.

„Макфакс“ продолжува да истражува, зошто и по две години, нема ниту една епизода од оваа серија, колку таа навистина чини и кој побарал или добил 4,6 милиони евра за истата. Подолу, во целост Ви го пренесуваме демантот на Агенцијата за филм.

Агенцијата за филм на Република Македонија ги демантира тврдењата во врска со проектот, играна серија „Македонија“, објавени од страна на МАКФАКС како апсолутно неосновани и тенденциозни, без да се земе предвид законската регулатива и без направена конкретна анализа согласно основните новинарски правила. Во врска со објавениот текст во МАКФАКС ги информираме медиумите како и граѓаните на Република Македонија дека постапките по конкурсите од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија секогаш биле во согласност со законските прописи, истите се засноваат на начелата транспарентност, отвореност на постапката при објава на конкурс како и при доделување на средства, непристрасно одлучување и оценување согласно критериумите и мерилата утврдени во законски и подзаконски акти на Агенцијата и објавениот конкурс. Воедно, би сакале да напоменеме дека заклучно со 31.07.2017 година до Агенцијата за филм на Република Македонија не е доставено официјално барање за информации од јавен карактер во однос на серијата „Македонија“ или за кој било друг проект кој е финансиски поддржан од страна на Агенцијата за филм.

Исто така, потенцираме дека се апсолутно неточни и неосновани обвинувањата за можно исчезнување на документацијата која се однесува на проектот Македонија – во овој поглед би сакале да ни објасните од каде потекнуваат овие инсинуации и шпекулации дека документацијата поврзана со проектот Македонија „ќе исчезне“ кога станува збор за повеќегодишно финансирање на проекти и договори кои се солемнизирани со нотарски акт и кои не можат тукутака мистериозно да исчезнат. Агенцијата има обврска Договорот и целата документација која се однесува на одобрената играна серија да ја чува најмалку пет години од денот на емитувањето на истата во целост во Република Македонија. Документацијата поврзана со овој проект е дел од процедура која се заснова на Закон и објавен Конкурс кој како и сите досегашни конкурси без исклучок ги содржеше сите релевантни информации како и во себе содржеше посебни пријави. Освен информациите утврдени во конкурсот, поединечните пријави во себе содржеа и: Општи информации, услови за учество на конкурс, критериуми и мерила за финансирање, задолжителни документи и пријава. Во постапка на евалуација на проектите доставени по конкурс се вклучени сите тела во состав на Агенцијата кои се од редот на стручни и истакнати поединци од областа на својата дејност и работење и тоа: Рецезентите, Филмскиот совет, Финансиски советник и Управен одбор и сите тие заеднички учествуваат во носење на одлука за поддршка на играни серии. Сложеноста на постапката и инволвираноста на сите тела во процесот на одлучување согласно Законот и условите во конкурс се одвива на следниот начин: рецезентите (согласно член 23 од законот) кои согласно мерилата во евалуационите листи го оценуваат секој проект одделно за критериумот оргиналност, автентичност и квалитет на содржината на сценариото или детален опис на концепт на аудиовизуелното дело-играната серија врз основа на точно определени критериуми по конкурс и пополнуваат евалуациони листи со бодови и даваат свое мислење.

По однос на критериумот изводливост на аудиовизуелното дело во однос на буџетот, сложеноста, планот и термините за снимање, евалуациите се вршат од страна на финсиски советник (согласно член 24 од законот) кој пополнува евалуациони листи со бодови и дава свое мислење за секој проект одделно. Филмскиот Совет врз основа на целокупната документација произлезена од постапката на евалуација, а во согласно со член 22 став 3 алинеја 2 му дава мислење на директорот на Агенцијата кои проекти доставени на конкурс врз основа на постапката по конкурс треба да бидат прифатени, односно одбиени по конкурсот. Согласно горенаведената постапка донесена е Одлука од страна на Управниот одбор на Агенцијата за филм на Република Македонија за поддршка на два предлог проекти која е јавно објавена на веб страната на Агенцијата за филм на Република Македонија и тоа: -„Црвениот поет’’ во режија на Николче Поповски – во реализација од страна на продуциската куќа Сектор филм и тоа на 1 сезона -„Македонија’’ во режија на Зоран Петровски, Стојан Вујичиќ и Кристијан Милич – во реализација од страна на ДФП Јадран Филм и тоа во 4 сезони Во однос на наводите дека е направен превид во протоколот во однос на легислативата за поддршка на играни серии, би сакале да ве запознаеме со начинот условите и обврските кои треба да ги исполнува продуцентот на серијата „Македонија“ во текот на реализација на истата: – По завршување на снимањето на епизодите од првата сезона ќе се именуваат финансиски советници кои ќе подготват евалуции и мислења со кои ќе се утврди продукциската вредност и финансиската оправданост за реализираните епизоди од првата сезона како основа да се пристапи кон склучување на Анекс договор за втората сезона.

Агенцијата финансирањето на играната серија ќе го врши повеќегодишно, по сезони во согласност со диманиката и буџетот на реализација на играната серија утврдени во Договорот.

Потенцираме дека до овој момент склучен е Анекс Договор за исплата само за првата сезона од серијата за која е одобрен максимален износ до 85.000.000 денари, при што се исплатени 80% од истите за подготовка и реализаицја на првата сезона. При секоја исплата постојат обврски кои продуцентот мора да ги исполни како и да достави извештај за трошењето на средствата. Продолжување со динамиката на исплата Агенцијата врши само доколку се исполнети сите обврски согласно договорот како и има позитивен извештај за трошењето на средства, односно истите се во согласност со доставениот буџет од страна на продуцентот. Значи апсолутно тенденциозно се манипулира со сумата од 4,6 милиони евра или 280.000.000 денари. Доколку филмскиот продуцент не ја заврши реализација на серијата или на било кој начин ги загрозува доделените средства по конкурс, Агенцијата има право да побара враќање на исплатените средствата како и против него да поднесе тужба до надлежен суд. Во  врска со тврдењата дека минатата година се направени измени во Законот за филмска дејност кои се однесуваат на начинот на либерализација на поддршката за играни серии повторно неточна и непроверена информација. Точно е дека последните измени на Законот се направени минатата година, но истите се однесуваат на Одлуката од Уставен суд за укинување на надоместоците од правни лица кои ги стекнува Агенцијата за филм, а е објавена во Службен весник на Р.Македонија бр.58/2016. Во поглед на наводите за „сериозни криминали“ кои ги поврзувате со продуцентот на серијата би сакале да потенцираме дека Агенцијата за филм не е истражен орган и доколку постојат основани сомнежи или некои други дејствија поврзани со неговото работење постојат надлежни институции во чиј домен на работа и ингеренции е да спроведат соодветна постапка. На крај неизбежна е констатацијата дека е поразителен Вашиот негативен однос кон институцијата Агенција за филм на Република Македонија која во последниве години котира многу високо како меѓу колегите од сродните меѓународни институции така и во сите филмски асоцијации на европско и светско рамниште.

Со почит, Агенција за филм на Република Македонија

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два...

Топ2 часа

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја...

Топ4 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија4 часа

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,...

Македонија5 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион6 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион7 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа7 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет7 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа7 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија19 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија21 час

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија23 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија24 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија1 ден

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 ден

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 ден

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија1 ден

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...