(Видео) Агенцијата за филм нема добиено никаков снимен материјал од серијата „Македонија“

(Видео) Агенцијата за филм нема добиено никаков снимен материјал од серијата „Македонија“

Директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, изјави дека до сега не добиле никаков снимен материјал од серијата „Македонија“.

„По тримесечни анализи и собирање документи, сите релевантини институции се запознаени со правниот аспект од снимањето на серијата ‘Македонија’. По констатирани бројни нерегуларности, Агенцијата за филм и Владата на РМ донесоа одлука да се прекине каква било натамошна исплата на средства и да се бараат исплатените близу еден милион и двесте илјади евра да се вратат бидејќи до овој момент Агенцијата за филм не добила никаков снимен материјал за првата сезона како што стои во договорот, кој требал да биде испочитуван најдоцна до 4 септември 2017 година“, нагласи Тозија.