Акција за чистење на Жена парк

Акција за чистење на Жена парк

Активисти на Движењето ЛЕАД ќе го реализираат нивниот проект „В џеб, ако нема каде друго, денеска од 15 часот, во Жена Парк. Учесниците на ЛЕАД со поддршка на волонтери, ќе го чистат Жена Парк од отпадоци.

Целта на проектот „В џеб, ако нема каде друго“ е да се крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина. За таа цел, групата активисти ќе носи капи со слоганот „В ЏЕБ, ако нема каде друго“. Исто така, акцијата овозможува младите од различни етнички заедници да работат заедно и да се дружат.

Проектот е поддржан од Програмата Цивика Мобилитас, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација СИПУС.