МАКФАКС

Албанскиот лидер од Бујановац ги предупреди Србите да бидат задоволни што Албанците сѐ уште не го побарале Ниш

Албанскиот лидер од Бујановац ги предупреди Србите да бидат задоволни што Албанците сѐ уште не го побарале Ниш
21.04.2017, 10:35

 

Претседателот на Националниот совет на Албанците во Бујановац, Источна Србија, Јонуз Муслиу, ги предупреди Србите дека треба да се задоволни ако Албанците не побараат да го земат Ниш и се задоволат само со обединување на Албанија и Косово и со пристапувањето на Прешевската долина, пишува во петокот белградскиот весник „Курир”, повикувајќи се на изјава на Муслиу за агенција „Прешева”.

Написот во белградското издание е насловен „Бараат војна. Шиптарите сакаат да го земат и Ниш додека Европската Унија молчи” и во него се тврди дека скандалозното тврдење на албанскиот лидер од Прешевската долина доаѓа само ден откако претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека одбивањето на европска перспектива за Косово неминовно води кон обединување на неговата земја со Албанија.

Весникот ги цитира премиерот Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, кои сметаат дека ваквите тврдења не треба да ја исплашат Србија, која е доволно силна да се заштити сама, и забележува чудно молчење не европските лидери.крај/мф/кс

Tags
No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *