Ален Делон го снима последниот филм

Ален Делон го снима последниот филм

Легендарниот француски актер Ален Делон(81) изјави на филмскиот фестивал во Лиеж дека наскоро ќе го сними својот последен филм, пренесува агенцијата Белга.

Снимањето почнува наесен, филмот ќе го режира Патрис Леконт, а партнерка на Делон ќе биде Жилиет Бинош.

„Тоа ќе биде мојот последен филм, бидејќи како што боксерот не сака меч повеќе, така ниту јас сакам филм повеќе“, рече Делон.

Иконата на седмата уметност откри дека станува збор за улога специјално пишувана за него, но други детали за филмот не откри.

Делон на големиот екран последен пат се појави во 2008 година во филмот „Астерикс на Олимписките игри“, каде што го глумете Јулие Цезар.

Од тогаш е посветен на театарот. /крај/хн/ст