Ален Делон најави дека ќе глуми за последен пат

Ален Делон најави дека ќе глуми за последен пат

Легендарната филмска ѕвезда Ален Делон објави  дека прифатил да ја одигра својата последна филмска улога, по што има намера да се повлече конечно од кариерата.

 

На филмскиот фестивал во Лиеж секс симболот на француската кинематографија, 81-годишниот Делон ја подигна завесата околу финалниот проект откако соопшти дека улогата била напишана специјално за него.

 

Тој ќе игра маж на својата возраст, кој се вљубува во жена, речиси 30 години помлада од него. Заплет кој многу потсетува на филмот, кој во 1985 година му донесе “Цезар” – “Нашата приказна” на Бертран Блие. Партнерка ќе му биде прекрасната Јулија Бинош. Се очекува премиерата на последниот филм на Делон да биде оваа есен.крај/мф