Американец на лото освои 450 милиони долари

Американец на лото освои 450 милиони долари

Жител на Флорида вчера освои 450 милиони долари на лотаријата „Мега Милионс“, објави „Еј-би-си њуз“.

Добитната комбинација за џекпотот била  28, 30, 39, 59, 70 и 10.

Претставници на лотаријата за вечерва го зголемија џекпотот на лото играта „Пауербол“ на 570 милиони долари.

Шансите за џекпот на лотаријата „Мега Милионс“ е еден спрема 302,5 милиони, а за „Пауербол“ еден спрема 292,2 милиони.