Антиќ за Црвена звезда: Би сакал ваков проект и во Македонија

Антиќ за Црвена звезда: Би сакал ваков проект и во Македонија

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ за српските медиуми рекол дека би сакал во Македонија да постои проект каков што е Црвена звезда.

Искусниот крилен центар синоќа дебитираше за Црвена звезда, во која се врати по една деценија. Неговото влегување на теренот со овации беше испратено од навивачите на актуелниот АБА шампиони.

Црвена звезда во второто коло во регионалната лига славеше над Мега Бемакс 90:80, а Антиќ мечот го заврши со 10 поени (3/6 за три).

„Ова беше мојот прв натпревар по четиримесечна пауза и среќен сум поради тоа. Можам да бидам задоволен како одиграв, три тројки од четири обиди во првиот дел не е лошо. Шутот е единствената работа која сè уште ме служи“, се пошегувал Антиќ.

Антиќ кој во кариерата трипати ја освојувал европската титула (Олимпјакос 2012, 2013 и Фенербахче 2017), како најискусен во тимот (повозрасен е и од тренерот Алимпијевиќ) е доведен за да им помогне со своето искуство на младите играчи .

„Држам бејзбол палка во шкафчето, така што доколку помладите не слушаат…Се шегувам. Ова се одлични момци, со сериозен талент. Овој проект на Звезда е исклучителен, се надевам дека нешто слично ќе имаме и во Македонија“, заклучил Антиќ.

Црвена звезда во првите две кола во АБА лигата имаат две победи, а во Евролигата ќе стартуваат на 13 октомври кога ќе му гостуваат на Жалгирис. н.ц.

фото/mondo.rs