Анѓушев во официјална посета на Вашингтон

Анѓушев во официјална посета на Вашингтон

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, во следните три дена ќе престојува во работна посета на Вашингтон  по повод  Трансатлантскиот економски форум во организација на Школата за напредни меѓународни студии на Универзитетот „Џон Хопкинс“, Стопанската комора на САД и Центарот за трансатлантски односи, информираат од прес-службата на Владата.

За време на посетата планирано е вицепремиерот да оствари средби и со претставници на Конгресот на САД, Стејт департментот, меѓународни финансиски организации, како и со претставници од организации на македонската дијаспора во САД.