Анџелина Џоли има ново момче

Анџелина Џоли има ново момче

Холивудската ѕвезда, Анџелина Џоли, поранешната сопруга на Бред Пит, според пишувањата на таблоидот „Ин Тач“, има ново момче.

Таблоидот пишува дека Анџелина веќе извесно време е во романтична врска со маж кој е познат филантроп, а со кого се запознала минатата година во Лондон. Иако успешно ја крие врската, Анџелина, според таблоидот, има намера својот нов партнер да го запознае со децата.

„Јасно е дека Бред секогаш ќе биде татко на нејзините деца, но таа сака својот нов партнер да го запознае со децата, а исто така има желба децата да го засакаат нејзиното ново момче“, пренесува таблоидот, повикувајќи се на изјава на близок пријател на актерката.

„Анџелина сакаше да помине целиот метеж околу разводот, па потоа да ги запознае децата со нејзиното ново момче, но постои можност тоа де се случи веќе наредната недела. Особено е загрижена како ќе реагираат синовите Медокс и Пакс“, рекол изворот на таблоидот и дополнил дека Анџелина сака да стапи во брак со новото момче. крај/мф/нц