МАКФАКС

Арамија ограбувал цркви низ демирхисарско

Арамија ограбувал цркви низ демирхисарско
20.04.2017, 13:27

Жител на кочанското село Полаки ограбувал цркви на подрачјето на селата Спотоница, Суводол, Загориче, Жван и Демир Хисар.

НК за КР Демир Хисар поднесе посебен извештај против И.Г. (45) во с. Полаки, кочанско, поради постоење основи на омнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“.

Во периодот од 18 до 29 октомври 2016 година на подрачјето на селата Спотоница, Суводол, Загориче, Жван и Демир Хисар пријавениот со употреба на погоден предмет извршил тешки кражби во црквите Св. Никола, Св.Константин и Елена и Св.Петка, од каде одзел 38.900 денари, а причинил и штета на објектите од околу 5.100 денари. /крај/со/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *