Асанж: Ниту заборавам, ниту простувам

Асанж: Ниту заборавам, ниту простувам

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж истакна дека нема „ниту да заборави, ниту ќе прости“ тоа што бил заробен седум години.

„Заробен седум години, додека моите деца растат и додека се клевети моето име“ напиша Асанж на Твитер, по објавата на шведското обвинителство дека го прекинува процесот против него за наводно силување.

Асанж од 2012 година се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон. В.Д