Ахмети во Дебар : ДУИ спречи да се случи најлошото во земјава

Ахмети во Дебар : ДУИ спречи да се случи најлошото во земјава

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на митингот во Дебар изјави дека Македонија во изминатите две години имаше политичка криза која можеше да доведе и до меѓутнички судири.

„ДУИ даде голем придонес за да не се случи најлошото, бидејќи само на мирен начин може да се оди напред“, нагласи Ахмети оценувајќи дека одредени партии и ДУИ заедно со помош на меѓународниот фактор праваат напори Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ.

,,ДУИ не загуби на парламентарите избори и сега е клучна во Владата“, истакна тој. Лидерот на ДУИ рече дека има позитивни тонови околу решавањето на спорот за името со Грција, со што земјата ќе биде член на НАТО. Тој истакна дека актуалниот градоначалник на Дебар, Ружди Лата, кој сега повторно е во трка за градоначалник на Дебар, се очекува да биде избран уште во првиот круг.  

Кандидатот за градоначалник на Дебар од редовите на ДУИ, Ружди Лата истакна дека во првиот негов мандат реализирал многу повеќе проекти од тие што ги најавил со програмата. Тој рече дека Дебар ќе стане европски град, бидејќи и за наредните четири години има голем број на проекти, меѓу кои решавање на проблемот со депонијата, изградба на нов резервар за водоснабдување  и слично.  

К.М.