Ахмети се сретна со британскиот амбасадор Чарлс Гарет

Ахмети се сретна со британскиот амбасадор Чарлс Гарет

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во седиштето на ДУИ во Тетово се сретна со британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет.

На средбата тие разговарале за политичката ситуација, систематските реформи и за евро-атлантските интеграции.

„Претседателот Ахмети ги повтори приоритетните определби на ДУИ во ова парламентарно мнозинство, каде што спаѓаат системските реформи, особено владеењето на правото, добрососедството, интеграцијата во НАТО и отворањето на разговорите за членство во Европската Унија“, соопштија од ДУИ.

Ахмети рекол дека партијата особено е посветена за судските реформи и реформите на безбедносниот систем.