Балетот „Дон Кихот“ на сцената на МОБ

Балетот „Дон Кихот“ на сцената на МОБ

Балетот „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус ќе биде изведен на 25 април (вторник) на големата сцена на Македонската опера и балет.
Кореограф на оваа украинско-македонска копродукција е Виктор Јаременко, уметничкиот директор на еден од трите најпознати балетски ансамбли во светот – Балетот во Киев, сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева.
Оркестарот од пултот ќе го води диригентката Бисера Чадловска. Настапуваат: Мими Поп Алексова – Атанасовска во улогата на Китри и Бобан Ковачевски во улогата на Базил, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ.
Чешкиот композитор и виолинист Лудвиг Минкус (1826-1917) напишал неколку популарни балети, а речиси сите од нив, а особено балетот „Дон Кихот“ и денес се изведувани низ целиот свет.
„Дон Кихот“ е балет во три чина базиран на познатиот истоимен роман од Мигел де Сервантес. Во него Минкус се покажува како одличен балетски мајстор и познавач на танцовиот стил. Во музиката, полна со мелодичност, силен ритмички пулс и чисти хармонски структури тој јасно го одразува духот на своето време. крај/мф/ав