Баша: Албанија е една од главните земји во светот каде што има перење пари

Баша: Албанија е една од главните земји во светот каде што има перење пари

Албанија е на списокот со земји во кои најмногу има перење пари добиени од криминални активности.

Ова го изјави лидерот на опозицијата во Албанија, Љуљзим Баша. Претседателот на Демократската партија ја обвини владата на левицата во Тирана дека перењето пари добиени од криминални активности е масовна појава во земјата.

Тој додаде дека САД ја стави Албанија на црниот список објавен годинава, во кој таа се вбројува како една од главните земји во светот каде што се врши перење пари.

Лидерот на десницата изјави дека активноста на владата на Еди Рама е негативна и поради тоа што во текот на изминатите 4 години во Албанија нема странски инвестиции.

КМ