БЕГ целосно ќе ги уреди коловозот, тротоарите и тревниците на „Народен фронт“

БЕГ целосно ќе ги уреди коловозот, тротоарите и тревниците на „Народен фронт“

На инсистирање на Општина Центар, БЕГ викендов ќе го асфалтира коловозот според изведбениот проект, со квалитетни материјали, како што е наведено во проектот.

Од Општина Центар велат дека до крајот на август БЕГ ќе ја врати првобитната состојба на улицата Народен фронт.

„Откако граѓаните со право реагираа на отежнато и небезбедно движење по улицата, екипите на Општина Центар излегоа да ја утврдат ситуацијата на самата улица. По извршениот увид на улицата Народен фронт во Капиштец, констатираа пропаднат коловоз, отворени дупки на улицата и тротоарите, оставени прекопи, уништен парк со исушени садници, отворени јами, уништени тревници и паркинг кој е посипан само со земја“, се вели во соопштението на Општината.

БЕГ дала двегодишна гаранција за квалитетот на улицата Народен фронт по целата должина, тротоарите и на тревниците.