Без струја ќе останат 4,3 милиони домаќинства и претпријатија во Флорида

Без струја ќе останат 4,3 милиони домаќинства и претпријатија во Флорида

Електродистрибуцијата на американската сојузна држава Флорида синоќа соопшти дека ќе бидат потребни неколку недели пред целосно да се воспостави електрична енергија поради штетите што се очекуваат од ураганот Ирма. Портпаролот на Електродистрибуција, Роб Гулд, денеска изјави дека околу 4,3 милиони домаќинства и претпријатија ќе останат без струја во налетот на ураганот. Гулд очекува дека ќе бидат оштетени стотици километри далноводи и трафостаници вдолж брегот.

Околу 1,5 милион корисници веќе се без струја.

Гулд нагласи дека на поправка и обнова на мрежата ќе работат работници од Калифорнија и Масачусетс, кои се веќе подготвени, но дека ќе биде потребно подолго време за стабилизирање на мрежата.