„Бела ноќ“: Отворено и бесплатно во Археолошкиот музеј

„Бела ноќ“:  Отворено и бесплатно во Археолошкиот музеј

Како и секоја година, НУ Археолошки музеј и оваа година ќе се приклучи на настанот „Бела ноќ“, кој по 13 пат годинава ќе се одржи на 7 октомври, односно од сабота навечер.
Во организација на Младинскиот културен центар и Град Скопје, и за оваа „Бела ноќ“ овозможено е да бидат опфатени визуелните уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видео арт, стрип), како и применетите уметности (архитектура, визуелен/ индустриски/ веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации), музика, филм, јавна уметност и урбани изведби и перформанси.
Како и повеќето институции од културата, во оваа долга вечер ќе продолжи да работи и НУ Археолошки музеј на Македонија. Од 18 часот па сè до полноќ, посетителите ќе можат бесплатно да ја видат музејската поставка. Последен термин за влез е 23 часот.