Бесплатни прегледи за ХОББ утре во „Сити Мол“

Бесплатни прегледи за ХОББ утре во „Сити Мол“

По повод Светскиот ден за хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ 2017 година, што годинава се одбележува под мотото „Многуте лица на хроничната опструктивна белодробна болест“, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза и Здружението на пневмофтизиолозите на Македонија организираат бесплатни прегледи за мерења на дишната функција.

Прегледите ќе се изведуваат утре во период од 12 до 14 часот на приземјето пред супермаркетот.

Со овој настан треба да се испрати порака до граѓаните за важноста на препознавањето на оваа болест, како и за нејзино навремено дијагностицирање и лекување. Навременото дијагностицирање и правилното лекување ќе го подобрат квалитетот на животот и животниот век на заболените.

Еден од најголемите ризик-фактори за појава на ХОББ е пушењето.