Бејли по средбата со Џафери: Треба да се понесе одговорност за настаните од 27 април, но и да се почитува пресумпцијата на невиност

Бејли по средбата со Џафери: Треба да се понесе одговорност за настаните од 27 април, но и да се почитува пресумпцијата на невиност

Амбасадорот на САД, Џес Бејли, по средбата со претседателот на собранието, Талат Џафери, изјави дека одговорните за настаните од 27 април треба да понесат одговорност, но и да се почитува пресумпцијата на невиност. Тој додаде дека неговата институција заедно со претставниците на ЕУ со внимание го следат развојот на настаните по приведувањата за насилствата во собранието.

„Како што веќе кажавме, ние, како пријател и силен поддржувач на Република Македонија, ги следиме овие важни случувања. Полицијата, обвинителството, судскиот систем, треба да постапува транспарентно со целосно почитување на највисоките стандарди. Секако, ние, ЕУ, рековме дека одговорните за настаните од 27 април треба да понесат одговорност, но процесот исто така мора да ја почитува пресумпцијата на невиност“, рече амбасадорот Бејли.