Бијонсе позира со едномесечните близначиња

Бијонсе позира со едномесечните близначиња

Популарната пејачка Бијонсе пред еден месец се породи и на свет ги донесе своите близначиња Сер Картер и Руми.

По тешкото породување, проследено со компликации, мајката и дечињата се чувствуваат добро.

Бијонсе за прв пат се појавува во јавноста со близначињата.

„Сер Картер и Руми денес полнат еден месец“, напиша гордата мајка во описот на објавената фотографија на нејзиниот профил на Инстаграм.

Бијонсе и нејзиниот сопруг  Џеј Зи ја имаат и петгодишната ќерка Блу Ајви.