Богоев: Нерези е место на стари скопјани, тука мора да има подобар живот за сите

Богоев: Нерези е место на стари скопјани, тука мора да има подобар живот за сите

Нерези е место на стари скопјани, карпошани и тука мора да има подобар и поубав живот за сите, нагласи Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Карпош на средбите со граѓани во Нерези.

„Во 21 век граѓаните се соочуваат со елементарни проблеми. Немаат вода за пиење, канализација, осветлување, нема безбедни улици“, рече Богоев.

Покрај основните инфраструктурни решенија, Богоев напомена дека Нерези ќе добие и детско игралиште, како и културно-едукативен центар сместен во просториите на урбаната заедница на Нерези.

„Нерези е типичен пример како треба да функционира мултиетничка средина на локално ниво. Без разлика на верска или национална припадност граѓаните сакаат да продолжат да живеат заедно, без поделби и етикети. Затоа што сите имаме исти проблеми, сите сакаме локален економски развој и младите да ги задржиме во својата земја. Ветувам дека ќе креираме политики кои обединуваат, овозможуваат развој на мултикултаризмот во Карпош и Скопје и намалување на младинската невработеност преку поддршка на бизнис идеи и отворање на стартап-центри“, рече Богоев.