(ВИДЕО) Богоев: Ќе изградиме две нови градинки во Карпош

(ВИДЕО) Богоев: Ќе изградиме две нови градинки во Карпош

Претседател на СДММ, Стефан Богоев, кој е кандидат за градоначалник на Карпош денеска изјави дека за жал во 2017 година, во Карпош се уште има руинирани градинки и има недостаток од сместување за најмладите жители на Карпош.

„Затоа се обврзуваме пред граѓаните на општина Карпош, и јас и новата локална власт по преземањето на локалната власт на 15 октомври, целосно и темелно да ги реконструираме градинките „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 позади мене, градинката во Влае 1 и да изградиме две нови градинки. Една во Влае 2 на местото до училиштето „Димо Хаџи-Димов“, и една која со години е дел од лажните ветувања на Стевче Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е градинката во Бардовци до училиштето „Аврам Писевски“, изјави Богоев.

Тој порача дека родителите, но и бабите и дедовците кои имаат млади карпошанчиња, кои треба да одат во градинка, да бидат спокојни и да не се грижат. „Карпош повторно ќе биде модерна, урбана, и Карпош ќе биде општина во која сите ќе сакаат да живеат. Ставаме точка на криминалното владеење и ставаме точка на киднапирањето на општината од страна на Стевче Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ“, рече Богоев.