Бод за Вардар против ПИК Сегед, Дибиров промаши победа

Бод за Вардар против ПИК Сегед, Дибиров промаши победа

Ракометарите на Вардар одиграа нрешено во Унгарија кај ПИК Сегед 26:26 во рамките на четвртото коло во Лигата на шампионите. Вардар прва пат од почетокот на сезоната не успеа да го освои целиот плен, а воедно ја прекина серијата од осум победи во Лигата на шампионите.

Вардар, во Сегед, одигра еден од најлошите натпревари во ерата на Раул Гонзалес, беше блиску до пораз, но во претпоследната минута Борозан и Македа му обезбедија бод на актуелниот европски правк. Вардар можеше да стигне и до победа, но на овој натпревар индиспонираниот Дибиров, не успеа да погоди зицер на 20 секунди до крајот.

„Црвено-црните“ во текот на целиот меч ја бркаа предноста на противникот, која во ниту еден момент не изнесуваше повеќе од три гола.

Играта во нападот не функционираше кај Вардар, безидејно и со малку изградени акции поритв зоната на ПИК Сегед. Во таква ситуација играта во нападот се сведуваше на индивидуалните акции на Циндриќ и ударите на Борозан.

Вардар не блескаше премногу ниту во одбраната, но таму го имаше Штербик, кој особено во првото полувреме го држеше тимот во игра.

Домаќинот на половина од првиот дел создаде предност 7:5, потоа разликата во 27.минута беше 13:10, но Вардар за две минути успеа од три напади да израмни. Полувремето сепак заврши со гол предност за ПИК Сегед 14:13.

Вардар и во вториот дел постојано беше во негатива, 19:16, 15 во 40 минута, а во претпоследната минута Сегед имаше напад и предност 26:24. Вардар сепак успеа да се врати со головите на Борозан и Македа.

На влезот во последната минута домаќинот имаше напад, Македа украде топка, го исфрли Дибиров во контра кој промаши чист зицер на 20 секунди до крајот и резултатот остана 26:26.

Тројца играчи на Вардар одиграа на ниво Штербик кој имаше 14 одбрани, односно Борозан кој постигна осум и Циндриќ кој постигна седум голови. Бунтиќ со пет гола и голманот Сиера со 11 интервенции беа најдобрите играчи на ПИК Сегед.

Вардар во наредното коло, на 14.октомври, ќе ја пречека Барселона. н.ц.