Бошко Обрадовиќ ја нарече премиерката Ана Брнабиќ „српска икебана“

Бошко Обрадовиќ ја нарече премиерката Ана Брнабиќ „српска икебана“

Шефот на парламентарната група “Двери” во српското Собрание, Бошко Обрадовиќ , го опиша како”дипломатски скандал” учеството на претседателот Александар Вучиќ на средбата во Варна од пред неколку  дена.

На собирот присуствуваа премиерите на Бугарија, Романија и Грција, Бојко Борисов, Михаи Тудосе и Алексис Ципрас, а само Вучиќ беше претседател. На специјална прес-конференција во српскиот парламент Обрадовиќ истакна дека “тоа не била средба на претседателите од овие држави, туку  на нивните премиери” и праша зошто не присуствувала Ана Брнабиќ – премиерот на Србија.

“Ова е уште еден доказ дека Ана Брнабиќ е само една икебана и ништо повеќе. Вистинскиот в.д. премиер е Александар Вучиќ”, рече Бошко Обрадовиќ и додаде: Премиерите од овие земји, многу добро знаат дека “Брнабиќ е безгласно буква и нема што да зборуваат со неа”.

Според Обрадовиќ, Вучиќ освен лидер на Српската напредна партија, претседател и координатор на тајни служби има доволно време да стане уште и градоначалник на главниот град Белград и да биде избран како директор на Националната академија за јавно управување, која во моментов се создава од страна на парламентот.