Бранко Ѓуриќ-Ѓура со стенд-ап шоу во Скопје

Бранко Ѓуриќ-Ѓура со стенд-ап шоу во Скопје

Ѓура доаѓа да ја разбие монотонијата со две ексклузивни шоуа, на 5 и 6 јуни, во Македонската Опера и Балет.

Популарниот и наградуван сараевски актер, режисер, хуморист, еден од највпечатливите ликови од легендарните „Топ листа на надреалисти“ одамна е човек-институција. Овој пат во Скопје гостува со стенд-ап шоуто „Ѓурологија“.
Бранко Ѓуриќ-Ѓура, кој може да се пофали дека играл и во оскаровскиот филм „Ничија земја“ на Данис Тановиќ, секогаш е актуелен и забавен.
„Квалитетот на хуморот не е променет туку луѓето денес поретко се смеат“, вели Ѓура. Затоа со „Ѓурологија“ тој го покори регионот со смеењето како значајна терапија против суровото секојдневие. крај/мф/