Британците подготвени да ја напуштат Песна на Евровизија

Британците подготвени да ја напуштат Песна на Евровизија

Мнозинството Британци, односно н56 отсто, сметаат дека Велика Британија треба да ја напушти Песна на Евровизија, се наведува во анкетата објавена во петок, ден пред финалето на Евросонгот.

Околу 44 отсто од испитаниците наведоа дека земјата требало да остане во натпреварувањето, се наведува во анкетата ЈуГов, спроведена на 8 и 9 мај врз 1.650 Британци.

Меѓу оние кои сметаат дека Велика Британија треба да ја напушти Песна на Евровизија, 76 отсто навеле дека на референдумот гласале за Брегзит.

Велика Британија пет пати победила на натпреварувањето, првпат во 1967 година со песната “Puppet on string” и последен пат во 1997 година со “Love shine a light”. /крај/он/ст