Бројот на жртви од земјотресот во Иран порасна на 530 лица

Бројот на жртви од земјотресот во Иран порасна на 530 лица

По земјотресот што ги погоди западните делови на Иран, бројот на жртви порасна на 530 лица.

Властите ја завршија спасувачката операција наведувајќи дека шансите за преживеани под урнатините се многу мали.

По ударот на разорниот земјотрес со јачина од 7,3 степени во областа кај иранско-ирачката граница, многумина останаа без домови, па се бореа во текот на ноќта со ниските температури, а утредента повторно се соочија со немаштијата и недостиг од храна и вода.

Над илјада луѓе се повредени, а 30.000 домови и две цели села се уништени.