Бугарија ќе го поддржува Западен Балкан и по претседавањето со Унијата

Бугарија ќе го поддржува Западен Балкан и по претседавањето со Унијата

Стратегијата за проширување на Европската Унија кон Западен Балкан е крајно искрен и отворен документ. Ова го изјави заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, за време на дискусијата за иднината на Западен Балкан и новата стратегија за проширување на ЕУ.

„Бугарија како еден од главните приоритети на нашето претседателство ги рангира европската перспектива и поврзувањето на земјите од Западен Балкан. Убедена сум дека овој фокус кон земјите од Западен Балкан нема да заврши со 6-те месеци на бугарското претседателство гледајќи ја стратегијата“, истакна Захариева и им порача на земјите кандидати за ЕУ да го искористат моментот.

„Во стратегијата гледаме многу позитивни аспекти. Документот е доста сеопфатен и ги покрива сите земји и сите сфери. Документот дава перспектива за сите шест земји кога ќе бидат подготвени“, рече Захариева.

Според неа, стратегијата е и инклузивен документ што треба да ги инспирира политичките елити и граѓаните на земјите од Западен Балкан да го спроведат реформскиот процес, што воопшто не е лесно, но, како што вели, секој напор е достоен за тоа. Таа истакна дека стратегијата е и долгорочен документ што дава амбициозен датум за членство во Унијата до 2025 година.

„Има многу да се направи, но Бугарија ќе продолжи со својата поддршка за земјите од Западен Балкан не само за време на претседателствувањето“, порача Екатерина Захариева.