Буџаку: Бојаровски мисли дека ако ме оцрни ќе стане директор на ЦУК

Буџаку: Бојаровски мисли дека ако ме оцрни ќе стане директор на ЦУК

ЦУК има буџет од 220 илјади денари и ручекот со шесте членови од јапонската асоцијација е платен со тие пари. Се работи за еден, а не за шест ручеци. Вака в.д директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Агрон Буџаку се брани на обвинувањата од претседателот на синдикатот на вработените во центарот, Илија Бојаровски, кој обвини дека Буџаку за ручеци трошел по 40 илјади денари, а нема за плати за вработените.

Според Буџаку, Бојаровски настапува сам, а не во име на Сандикатот, и верува дека целта на Бојаровски била да го оцрни за да го заземе неговото директорско место.

Буџаку додаде дека сака да се сретне со членовите на синдикатот и дека сака да разговара за сите проблеми со нив.

Претходно, Илија Бојаровски обвини дека додека Буџаку на синдикалците и на вработените не им исплатувал и им „завлекувал“ законски и симболични суми од 3 до 4 илјади денари, галантно трошел со својата картичка над 40 илјади денари во еден ден.

Според него, некомпетентноста и нестручноста е евидентна кога се поставуваат партиски и политички кадри во државни органи, како во случајот со в.д. директорот на ЦУК.