Васко Ковачевски е назначен за директор на РЕК „Битола“

Васко Ковачевски е назначен за директор на РЕК „Битола“

Управниот одбор на АД ,,Електрани на Македонија“ го назначи поранешниот пратеник на СДСМ, Васко Ковачевски, за директор на РЕК „Битола“.

Менаџментот на АД ЕЛЕМ смета дека Ковачевски, заедно со новиот раководен тим што е поставен, ќе одговори на предизвиците со кои се соочува најголемиот комбинат за производство на електрична енергија во државата и дека неговото познавање на состојбите во РЕК „Битола“ ќе помогне во консолидирањето на овој значаен производствен капацитет во насока за постигнување поголема стабилност и сигурност на електроенергетскиот систем на Р. Македонија во периодот што следува.