Велика Британија скапо ќе го плати Брегзитот

Велика Британија скапо ќе го плати Брегзитот

Велика Британија ќе и плати на Европската унија помеѓу 35 и 39 милијарди фунти за да ја напушти организацијата.

Ова го објави портпаролот на британската премиерка Тереза ​​Меј, кратко по средбата со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Европската комисија непосредно по средбата соопшти дека преговорите за Брегзит може да се префрлат на идните трговски односи меѓу Лондон и Брисел, благодарение на постигнатиот “значителен напредок” во првата фаза од разговорите за условите за “развод”.

Европската комисија денеска му препорача на Европскиот совет да заклучи дека е постигнат доволен напредок во првата фаза од преговорите за Член 50 со Велика Британија.