Венгер му честиташе на Веа, тој уште не е избран

Венгер му честиташе на Веа, тој уште не е избран

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, беше излажан од лажните извештаи дека фудбалската ѕвезда Џорџ Веа е новиот претседател на Либерија, иако резултатите не се објавени.

„Не се случува често ваш поранешен фудбалер да стане претседател на една земја. Честитки до Џорџ и би сакал да ги задржи ентузијазмот и желбата да учи и да победува“, изјави Венгер кога беше прашан за неговиот поранешен фудбалер, Коло Туре, кој стана помошник-тренер на Брегот на Слоновата Коска.

Венгер му беше тренер на Веа во тимот на Монако, по што Либериецот најсветлите моменти во кариерата ги имаше со италијански Милан. Веа по крајот на фудбалската кариера стана политичар и тој веќе двапати не успеа да го победи актуелниот претседател Елен Џонсон Сирлиф. Се очекува изборите во Либерија, во кој има десетина кандидати, да се одлучуваат во вториот круг бидејќи во првиот победникот треба да добие 50 отсто.