Венециската комисија бара од Анкара да забави со апсењата

Венециската комисија бара од Анкара да забави со апсењата

Венециската комисија при Советот на Европа денеска побара од Турција да укине некои од законските одредби воведени во земјата по прогласувањето на вонредната состојба врз основа на кои беа уапсени неколку илјади лица.

Во извештај на Комисијата се оценува дека по ланскиот обид за воен заговор во Турција, било неопходно да се воведат одредени вонредни мерки.

– Турските власти почнаа премногу општо да ги применуваат тие вонредни надлежности – оценува Венециската комисија.

По обидот за воен удар лани во јули, турските власти започнаа со масовни апсења и отпуштања од работа на лица што беа обвинети за врски со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кога Анкара го обвинува дека стои зад обидот за пуч. Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД од 1999 година, од своја страна, категорично отфрла каква и да било поврзаност со обидот за преврат.