Во Ѓорче Петров венчавка на сцена, дел од Центарот за култура адаптиран во матично

Во Ѓорче Петров венчавка на сцена, дел од Центарот за култура адаптиран во матично

Дел од Центарот за култура „Ѓорче Петров“ во општина Ѓорче Петров е пренаменет во сала за венчавки поради лошите услови во кои досега се склучуваа браковите.

„Градоначалникот Александар Наумоски презеде привремени мерки со тоа што овозможи соодветни услови кои прилегаат за вакви настани за венчавање млади парови. Имено, во Центарот за култура  ‘Ѓорче Петров’ извршена е пренамена на дел од сцената со што се доби сосема нов адаптиран простор за венчавки. Поставена е нова завеса по широчина на целата сцена и адаптирани се столовите за младите и за гостите што ќе присуствуваат на чинот. Оваа мерка ќе трае сè до преселување на општинските служби во новата општинска зграда каде што е предвидена и сала за венчавање“, соопштија од таму.

В четврток веќе се закажани три венчавки во адаптираниот простор.