Вечерва дожд, од утре разведрување и повисоки температури

Вечерва дожд, од утре разведрување и повисоки температури

Во текот на ноќта времето ќе биде претежно облачно и студено со локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а на планините ќе има повремен слаб снег.Ќе дува умерен до засилен северен и северозападен ветер.

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно, во источните делови со слаб локален дожд. Попладне постепено облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и на исток. Минималните температури ќе се движат од 3 до 8, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Температурите ќе се движат од 4 до 15 степени.

Од понеделник следува период на стабилно и суво време со пораст на дневната температура.