Вечер на македонската култура во Париз

Вечер на македонската култура во Париз

Во организација на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации ИНАЛКО и Амбасадата на Република Македонија,вчера се одржа македонска вечер во Париз.

 

Настанот бил осмислен и координиран од лекторот по македонски јазик на ИНАЛКО, Борче Арсов. Вечерта биле претставени студентите од Институтот по македонски јазик, преку читање поезија и проза на македонски јазик и преку музичка изведба на македонски народни песни.На програмата биле читани стихови од Ацо Шопов, Блаже Конески, Влада Урошевиќ, Никола Маџиров, Николина Андова­Шопова и др.

 

Во организацијата и во подготовката на програмата покрај лекторот по македонски јазик, Борче Арсов, биле вклучени и студентите­македонисти, шефот на катедрата за македонски јазик на ИНАЛКО, Фроса Пејоска ­ Бушро, потоа Александра Николоска ­ Сондермајер, предавач на Институтот, како и в.д. амбасадор на Македонија во Франција, Габриел Атанасов.

 

На настанот биле присутни гости од македонската дијаспора во Франција, како и многумина француски пријатели и љубители на македонскиот јазик. .крај/мф/ем