МАКФАКС

Вештачката интелигенција и реалноста на постер

Вештачката интелигенција и реалноста на постер
18.04.2017, 11:13

Здружението на графички дизајнери од Македонија прославува 10 годишнина од своето постоење и првиот годишен студентски конкурс за плакат кој понуди бесплатно онлајн пријавување.
Советот на 10. Меѓународниот студентски конкурс за плакат „Скопје постер фестивал“, врз основа на популарноста, важноста на прашањето во глобални рамки и атрактивноста за младите дизајнери одлучи тема да биде „Вештачка интелигенција и реалноста“ (“Artificial Reality”).
„На годинешниот конкурс студентите од Македонија ќе можат да се натпреваруваат со своите колеги од целиот свет на темата, која како и секоја година привлекува посебно внимание во глобални размери. Ова е горлива тема за бизнис елитите и политичките лидери, воедно претставувајќи глобално прашање кое ги засега и развиените, но и земјите во развој и неразвиените земји.“ – изјавија од Плакарт.
Крајниот рок за доставување на плакатите е 30 октомври 2017. Фазата на жирирање ќе се одвива во три селекции, прелиминарна онлајн фаза, главна онлајн фаза и жири сесии во живо во Скопје пред отворањето на фестивалот.
Првонаградените ќе добијат можност да ги изложат своите дела во рамки на 11. Скопје постер фестивал во 2018 година, дополнително ќе добијат екслузивен пристап и учество во работата на жирито во текот на 11. СПФ и во сите програмски настани.
Повеќе за темата, условите за учество, наградите на следниот линк.
Меѓународното жири од еминентни дизајнери, едукатори и креативци надополнето со македонски дизајнери ќе биде објавено кон крајот на април, почетокот на мај.
Дизајнот на плакатот за овогодинешниот конкурс и фестивал го изработи маестралниот Мишел Буве, организатор на најголемиот фестивал за графички дизајн во Франција „Fête Du Graphisme“, професор, куратор, добитник на бројни меѓународни признанија. крај/мф

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *