(Видеодебата) Фондација „Славко Јаневски“: Ќе го објавиме првиот македонски роман и ќе ја поништиме лустрацијата

(Видеодебата) Фондација „Славко Јаневски“: Ќе го објавиме првиот македонски роман и ќе ја поништиме лустрацијата

Новата фондација за култура „Славко Јаневски“ најавува дека во средината на идната година ќе го објави заборавениот и забранет прв македонски роман „Село зад седумте јасени“. Нејзините основачи, во соработка со семејството на македонскиот писател Јаневски, ќе бараат да се поништи и лустрацијата. Меѓу другите проекти на оваа нова фондација за култура ќе биде и продложувањето на книжевната награда „Роман на годината“, што 18 години ја доделуваше „Утрински весник“. Планираат да објават други досега необјавени ракописи од Јаневски.

Иницијатори и основачи на оваа фондација се поранешни уредници и новинари од редакцијта на „Утрински весник“. За идејата и иницијативата за основање на фондацијата за „Макфакс“ зборуваат новинарот и писател Звездан Георгиевски и новинарката Катерина Богоева.

Зошто Јаневски беше лустриран, колку писателскиот еснаф е подложен на автокорективност, ни требаат ли Струшки вечери во истиот дизајн, колку литературните награди се критериум за успех на делата, ни треба ли агенција за книга, како што најави министерот за култура Роберт Алаѓозовски, се само дел од прашањата што се отворија во овој разговор со Георгиевски и Богоева.


Особено се гордеат што ќе ја продолжат највисоковредносната книжевна награда и што пред читателската јавност ќе се појави првиот македонски роман од 1952 година, кој практично Славко Јаневски самиот си го забранил. Зборува за колективизацијата, а писателот подоцна се одречува од своите ставови, па романот никогаш повеќе нема да биде објавен.

По лустрацијата на Славко Јаневски, МАНУ бараше таа да биде поништена бидејќи, како што стоеше во нивната реакција, „постапката на Комисијата за верификација на фактите против академик Славко Јаневски е удар врз македонскиот национален идентитет, уставниот и правниот поредок на Република Македонија“.