(Видеоинтервју) Владимир Љ. Ангелов, директор на Кинотеката: Го кршат законот – немаме увид во тоа што се снимило

(Видеоинтервју) Владимир Љ. Ангелов, директор на Кинотеката: Го кршат законот – немаме увид во тоа што се снимило

По објавувањето на нацрт-програмата за култура, деновиве се актуализира едно прашање кое се однесува на аудиовизулените материјали (филмови, серии итн.) снимени со државни средства од алтернативни финансиери (со исклучок на Агенцијата за филм) за кои дестина години не се води никаква евиденција. Ниту е познато за колкава продукција ниту за каква содржина на визуелни остварувања станува збор, иако законот вели дека од сè што е снимено со буџетска каса, една копија со висока резолуција треба да биде доставена во Кинотеката на Македонија. Казните за непочитување на законот се од 3 до 5 илјади евра, но евидентно тој речиси една деценија не се почитува. Ова беше причина за разговор со филмологот и директор на ова институција, Владимир Љ. Ангелов, со кого проговоревме и за севкупната грижа за аудиовизуленото културно наследство, за амбициозниот проект на Хавзипашините конаци во кој се депонирани копии од странската продукција, за недоразбирањата на релација Кинотека – Милчо Манчевски, за регионалната филмолошка соработка.


Според него, поважно од тоа што не се почитува законот е и тоа што никој не чувствува морална одговорност.

Во националната стратегија за култура за нереднте 5 години, меѓу другото, стои: „Законот за аудио и аудиовизулени медиумски услуги на Кинотеката е проширен и во сферата на телевизиската продукција и на проекти што се финансирани со средства од буџетот на Владата на РМ. Досега оваа законска обврска била делумно применувана. За нејзино целосно спроведување неопходни се соодветни технички и просторни услови, како и стручен кадар“.

За таа цел се наведуваат следните приоритети: обезбедување услови (просторни, технички, кадровски) за непречено спроведување на проширените законски обврски на Кинотеката во поглед на телевизиската продукција, создавање центар за дигитализација во рамките на филмскиот архив на Кинотеката, со набавка на опрема, нови вработувања и обука на постојните и нововработените“.