(ВИДЕО) Клиника за детски болести: Направивме сè што можевме, бебето беше во критична состојба

(ВИДЕО) Клиника за детски болести: Направивме сè што можевме, бебето беше во критична состојба

И покрај укажаната лекарска помош и сите вложени напори на лекарскиот тим, почина бебето што пред два дена од болницата во Тетово итно беше донесено на Клиниката, изјави Лилјана Којиќ, лекар на интензивна нега при Клиниката за детски болести во Скопје.

„По приемот, новороденчето беше поставено на механичка вентилација, а поради периферен колапс, му беше дадена и циркулаторна поддршка. Цело време додека беше на нашиот оддел беше во критична состојба со влошена општа здравствена состојба и знаци на оштетувања на повеќе органи“, рече доктор Којиќ.

Неговата мајка, 30-годишна жителка на село Желино, почина во петокот вечерта откако била донесена во тетовската болница во состојба кога породувањето било почнато.