(ВИДЕО)Србов: Наместо пад на цените, граѓаните ќе плаќаат 50% поскапа струја

(ВИДЕО)Србов: Наместо пад на цените, граѓаните ќе плаќаат 50% поскапа струја

Никола Србов, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција рече дека СДСМ ги манипулира граѓаните и со новите измени  наместо пониски ќе плаќаат до 50% повисоки сметки за струја.

-Неодамна, излезе студија напишана од тим научници од Факултетот за менаџмент и општествени науки на Универзитетот во Твенте, Холандија. Во истата е содржана компаративна анализа за ефектите од либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Анализата покажува дека во земјите каде била спроведена ваквата либерализација дошло до покачување на цената на електричната енергија до 60%,рече Србов.

Mоментално, додава тој, во Република Македонија цената за киловат-час електрична енергија изнесува 5 денари, додека за истото количество електрична енергија жителите на Европската Унија плаќаат 12,5 денари.

-Најавената либерализација ќе го стимулира растот на цената не електрична енергија во Република Македонија, а во меѓувреме, жителите на ЕУ, и покрај високиот стандард, плаќаат висока цена која претставува товар за семејниот буџет. Доколку до сега сте плаќале 3.000 денари за струја, од сега ќе плаќате 5.000 денари за струја! Со што, да, Заев не доближува до ЕУ, но не доближува со високите цени кои за македонските граѓани ќе преставуваат голем товар бидејќи стандардот останува ист.Логично и легитимно, е прашањето: кој ќе има бенефит од измените на овој закон?, рече Србов.