(Видео) Џафери: Подготвени сме да ги следиме препораките на ЕУ

(Видео) Џафери: Подготвени сме да ги следиме препораките на ЕУ

Заедничка желба и заклучок е дека Собранието е подготвено да ги следи и спроведе сите препораки на Европската Унија, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери, на заедничката прес-конференција со европратеникот Иво Вајгл.

„Сите тие препораки се во полза на нашите инстиуции, нашата држава и нашите граѓани. Собранието и другите институции треба да ја интензивираат соработката со Европскиот парламент и во тој контекст ние сме подготвени да земеме учество во сите важни настани. Сите политички партии се согласни да го отвориме проецесот на дијалогот во рамките во проектот „Жан-Моне“, рече Џафери.