(Видео) Алигатори се борат за воздух во замрзнато американско мочуриште

(Видео) Алигатори се борат за воздух во замрзнато американско мочуриште

Парк-мочуриште од Северна Каролина објави снимка на која се гледа како алигаторите се снаоѓаат и преживуваат на ниските температури што периодов ги зафатија САД поради што замрзнало и езерето каде што живеат. Имено, алигаторите се целосно опколени со мраз и затоа само го подаваат врвот од главата за да може да земат воздух низ дупките во мразот.

Тие во најголем дел од времето мируваат на ниските температури и така ја намалуваат телесната температура и го забавуваат својот метаболизам за да преживеат.

Директорот на паркот, Џорџ Хауард, ја објасни оваа техника за преживување на алигаторите.

„Со тоа што го подаваат нивниот нос низ мразот, може нормално да дишат. Ова е механизам што им служи да преживеат дури и кога сè околу нив е замрзнато. Станува збор за сосема вообичаена техника кога се во прашање алигаторите“, вели Хауард.